27.06.2018

Од шарена револуција до шарена влада – една година за коренити промени во Македонија?

Во Македонија „шарената револуција“ од 2016 год. доведе до нови избори, кои пак, донесоа на власт нова влада. Во мај 2017 год, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) формираше коалиција со неколку партии на етничките Албанци, и Премиерот Заев и неговиот тим донесоа свеж импулс во земјата и во регионот. Владата на Заев постави нов курс во внатрешните и надворешните прашања на земјата. Во јануари се потпиша договор за пријателство со Бугарија, а во овој месец владата успеа да го разреши спорот со Грција во врска со името кој трае повеќе децении.

Новата влада ги ревитализираше напорите на Македонија да наметне посилни врски со Европа, вклучувајќи го изготвувањето на амбициозен план да се зајакне владеењето на правото и реформите во медиумите, што имаше силен одек во целиот регион. Скопје исто така притиска за датум за почнување на преговорите со ЕУ, кој се очекува да биде објавен на Самитот на Европскиот Совет кој ќе се одржи на крајот на Јуни.

Со оглед на важноста на сите овие настани, Канцеларијата на ЕУ на Фондацијата Фридрих Еберт организираше тркалезна маса и дискусија за Македонија, една година по доаѓањето на власт на новата влада. Во текот на дискусијата беше презентирано што е веќе реализирано во изминатиот период како и важните чекори кои земјата треба да ги направи како императив за понатамошен и континуиран напредок.  

Дискусијата со која претседаваше Ева Елерајт, Директор на канцеларијата на Фридрих Еберт во Скопје, ја збогатија следните говорници и презентери: Калинка Габер, Државен секретар во Секретаријатот за европски прашања, Скопје; Ерван Фуере, Виш истражувач-соработник во Центарот за студии на европските политики, Скопје и Александар Стојановски, аналитичар во Центарот за европски студии Еуротинк во Скопје. 

Friedrich-Ebert-Stiftung
Skopje

Boul. 8-mi Septemvri 2/2-5
(TCC Grand Plaza),
Skopje 1000,
North Macedonia

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org