25.10.2018

Целите на одржлив развој & Младите

Во текот на изминатиот викенд (18-21.10.2018) се одржа првиот “Камп за одржливост” во Македонија, во организација на Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија Скопје, Еко Логик и Град Скопје.

За време на кампот, младите учесници се запознаа и дискутираа за целите на одржлив развој поставени на Агендата на Обединетите Нации за 2030та година. Преку низа активности, интерактивни алатки и методи, учесниците имаа можност да развијат динамична дискусија за предизвиците, но и можностите кои целите на одржлив развој ги носат за самото општетство. Споделувајќи примери од секојдневието, како и идетификувајќи ги проблемите со кои се соочуваат во својата непосредна околина, учесниците изготвија значителни препораки, стратегии и нацрт-планови за решавање на истите преку истовремено следење на целите на одржлив развој. 

"Разбирањето на СДГ 2030 на локално ниво и нивната примена во радиусот на движење и дејствување на секој поединец е од клучно значење. Ова значи: каде секое лице може да направи разлика во однос на СДГ во општината, училиштето или соседството "- рече Ева Елереит, директор на ФЕС Скопје. Таа истакна дека идејата за модерно прогресивно општество е да се создаде систем, но и култура која ќе ги заштити најранливите групи, бидејќи тие исто така ќе бидат најпогодени од климатските промени: "Едно општество не би требало да се оценува преку висината на индивидуални потенцијали и достигнувања, туку падот кој едно лице може да го доживее – не по своја вина. Ние веруваме во општество кое е засновано на вредности насочени токму на заштита на тие индивидуи и групи на луѓе".

Во понатамошниот период е предвидено учесниците да ги презентираат своите идеи, препораки и конкретни планови за одржливо училиште, населба, град пред поширока публика која ќе вклучи претставници на училиштата, општините, граѓанските организации во насока на подигнување на свеста за значењето на целите на одржлив развој како и потврдување на улогата која младите може да ја имаат во остварување на позитивни промени во општетството.

Фондација Фридрих Еберт Скопје

Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза), 
1000 Скопје, 
Северна Македонија

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org