05.11.2020

Церемонија на Наградата за Човекови Права (онлајн настан)

Обединети! Зацврстување на човековите права и мултилатерализмот.

16ти ноември 2020 година. Од 16:00 -17:30 часот: Разговор со Зоран Заев. Почести од Хеико Мас


Watch the video of the award ceremony here in MK, EN or DE

 

2020 година не беше најдобра година кога се во прашање човековите права. Голем број на авторитарни режими, под закрилата на Ковид пандемијата, беа во можност да го ограничат ползувањето на човековите права до степен кој во голема мера го надминува справувањето со вирусот. Меѓународната заедница многупати се најде себеси во позиција на инфериорност, со цел осудување на ваквите акти. Нажалост, секоја земја беше преокупирана со сопствената ситуација.

Поради овие причини, сметаме дека е уште поважно да се нагласат успесите на оние кои се спротиставија на овој негативен тренд. Ваков светол пример за надеж е Зоран Заев, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија. Успесите на Заев не се основаат само на фактот дека неговата Влада го потпиша Договорот за пријателство и добрососедство со Република Бугарија во 2017та година или потпишувањето на Договорот од Преспа со Република Грција со кое се стави крај на 27-годишниот спор за името, туку пред сѐ во самата Северна Македонија.Уште повеќе, како предводник на опозицијата, Заев се издвои како личност од исклучителна важност во борбата за граѓанските и човековите права на сите Македонци, со што на мирен начин се залагаше за нови избори во рамки на движењето „шарена револуција“.

По бројните разочарувања, реформираната политиката на Заев уште во март доведе до позитивна одлуката на државите-членки на ЕУ да ги започнат преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија, што во голема мера го изгради патот за влез на Северна Македонија во Нато, како нејзината 30та членка.

Во рамка на овогодинешната награда за човекови права, Фондацијата Фридрих Еберт ја доделува на Зоран Заев за неговите извонредни достигнувања. Почестени сме заедно со Федералниот Министер за Надворешни работи на Германија Хеико Мас кој е посебно посветен кон пристапување на Западниот Балкан во ЕУ, особено поради фактот дека на чело на Унијата имаме германско претседателство. Министерот, по овој повод ќе го даде својот пофален говор при доделувањето на наградата.

По наградната церемонија, би сакале да отвориме дискусија со прашањето: „Како да ги заштитиме човековите права и мултилатерализмот во време кога овие вредности се под голем притисок?“

По овој повод, сакаме да ве поканиме на овој овој важен онлајн настан, кој ќе биде при емитуван во живо на овој веб-сајт на 16ти ноември, со почеток во 16 часот.

Дополнителни информации за овој настан, како и за Премиерот Заев ќе бидат достапни на овој веб-сајт во натамошните денови. Преносот ќе биде спроведен на германски, англиски и македонски јазик.

Зоран Заев (добитник на наградата)

Зоран Заев е на чело на Владата на Република Северна Македонија уште од 2017та година. Тој потекнува од Струмица, каде што сеуште живее со својата фамилија. Зоран Заев израснува во скромни услови, а по завршувањето на економските студии се приклучува кон брзорастечкиот бизнис на неговиот чичко. Уште како претприемач, Заев стапува во социјал-политички активизам и се зачленува во Социјал-Демократскиот сојуз на Македонија во 1996 година.

Од 2003 до 2005, Заев станува член на македонското Собрание, додека во 2005 година станува и Градоначалник на Струмица. Во 2013та година, Зоран Заев застанува на чело на СДСМ, каде што себеси се става во положба на вокален критичар на власта во време на автократско владеење. Тој разоткрива скандал со прислушување, со што бара солидарност за граѓанското општество како дел од „шарената револуција“.

Во Мај 2017 година, Зоран Заев станува Премиер, а својот втор мандат го добива како учесник во предвремените парламентарни избори од Јули 2020 година.

 

Хеико Мас (Доделувач на наградата)

Хеико Мас е на чело на Федералното Министерство за надворешни работи на Германија уште во 2018та година. Тој потекнува од Сарлуис на самата граница со Франција. Министерот Мас, студира право во Сарбрукен, а потоа станува дел од Парламентот на сојузната држава Сарланд во 1994 година.

Хеико Мас како претседател на Социјал-Демократската фракција во Сарланд, ја врши функцијата 13 години, а од 2001 година станува и извршен член на Социјал-Демократската партија на национално ниво. Пред неговото доаѓање на чело на Министерството за надворешни работи, Хеико Мас беше и Федерален Министер за правда и заштитана потрошувачите од 2013 до 2018 година.

Програма

15:50-16:00 Музички вовед: Хајди Елзесер на пијано

16:00-16:20 Официјален почеток на настанот
Модератор: Јана Парејгис
Зборови за добредојде: Курт Бек, Претседател на Фондација Фридрих Еберт

16:20-16:50 Почесен Говор: Хеико Мас, Федерален Министер за надворешни работи на Германија
Церемонија на наградата
Говор на добитникот на наградата: Зоран Заев
Хајди Елзесер на пијано

16:50-17:25 Зоран Заев и Горан Булдиоски (Директор на Иницијатива Отворено Општество за Европа) во дијалог: „Како да ги заштитиме човековите права и мултилатерализмот, во време кога овие вредности се под голем притисок“.

17:25-17:30 Поздрави и завршеток на настанот

17:30-17:30 Музички завршеток: Хајди Елзесер на пијано

Фондација Фридрих Еберт Скопје

Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза), 
1000 Скопје, 
Северна Македонија

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org