25.07.2019

Green City Unconference: “A city that (re)invents itself“

Во рамки на првата не-конференција: „Green City Unconference: A city that (re)invents itself“ која се одржа во периодот од 11-12 Јуни 2019та во организација на фондацијата Фридрих Еберт и Град Скопје, голем број на млади инжењери, активисти и претставници на институции работеа заеднички на креирање на иновативни решенија за развивање зелените средини во урбаните градски подрачја.

За рекултивирањето на јавните површини и објекти и нивна пренамена, како и правилното управување со отпадот, говореше градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, а на отворениот настан учесниците имаа можност своите предлог решенија да ги дискутираат со претставници на град Скопје, како и со заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули.

Фондација Фридрих Еберт Скопје

Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза), 
1000 Скопје, 
Северна Македонија

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org