Friday, 15.09.2017 - Tuesday, 19.09.2017 - Крушево

Меѓународна младинска конференција

Како и секоја година, ФЕС со гордост повторно беше дел од Меѓународната младинска конференција во Крушево.

Фото: Борис Дамјаноски

Фото: Борис Дамјаноски

Фото: Борис Дамјаноски

Оваа година, младите од цела Европа се обединија и се вклучија во различни дебати за да дискутираат различни идеи и стратегии за подобри политики за младите. Го следиме слоганот за оваа година „Европски вредности за иднината на земјите на ЈИЕ”. На младите им требаат Европски решенија кои се преточени во пракса на национално ниво.

Меѓународната младинска конференција „Европски вредности за иднината на земјите од ЈИЕ“ е одговор на тие предизвици. Но од суштинска важност е да се вклучат и лицата кои се предмет на политиките кои треба да се развиваат, доколку сакаме ефикасно да се справиме со непланираните последици.

Креирањето на политики треба да се гледа како процес кој ги вклучува младите а не само да работи за интересите на младите, доколку целта е да понуди успешни решенија кои ги поддржуваат младите и ги земаат предвид нивните долгорочни потреби.

Фондација Фридрих Еберт Скопје

Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза), 
1000 Скопје, 
Северна Македонија

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org