24.07.2018

Младинските перспективи за интеграцијата на Македонија во ЕУ

По повод официјалната посета на Државниот министер за Европа на Германија, Михаел Рот, Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија Скопје и ЦИВИЛ – Центар за слобода организираа панел дискусија на тема „Младинските перспективи за интеграцијата на Македонија во ЕУ“.

Настанот се одржа на 24.07.2018 година (вторник) во Музејот на Современа Уметност на град Скопје, а помеѓу многуте млади учество во дискусијата зеде и Министерот за надворешни работи на РМ, Никола Димитров како и Бојан Маричиќ, Специјален советник на Премиерот на РМ за Евро-Атлански интеграции.

За време на дискусијата претставниците на младинските организации во Македонија како и останатите учесници, ги споделија своите идеи и ставови за евроинтеграциските процеси на земјата и развија богата дискусија врз основа на прашањето:

На кој начин членството во ЕУ ќе придонесе за унапредување на можностите на младите луѓе во земјата во поглед на образование, вработување, справување со криминал и корупција, инклузивност и учество во демократските процеси на национално и локално ниво?

Во рамки на своето излагање, Државниот министер за Европа на Германија, Михаел Рот нагласи дека Македонија се наоѓа пред значајни настани од кои ќе зависи идниот прогрес на земјата и затоа токму младите треба водечки носители на таквите одлуки.

Фондација Фридрих Еберт Скопје

Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза), 
1000 Скопје, 
Северна Македонија

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org

назад на почеток