27.05.2021

Платформа за безбедносни политики на ЈИЕ

Интервју со министерката за одбрана на Република Северна Македонија, Радмила Шекеринска

Во рамки на проектот Платформа за безбедносни политики на ЈИЕ е снимено интервју со министерката за одбрана на Република Северна Македонија, Радмила Шекеринска на темата за  кооперативна безбедност во регионот. Во разговор со новинарот Назим Рашиди министерката зборува за безбедносната состојба во регионот, предизвиците и значењето на соработката, особено во полето на безбедноста. Платформата за безбедносни политики на ЈИЕ е проект во организација на Фондацијата Фридрих Еберт во Скопје во соработка со регионалната канцеларија за југоисточна Европа и канцеларијата за соработка и мир во Европа, со цел е да ги поврзе прогресивните чинители во областа на безбедноста да разменат ставови за актуелните проблеми и идните предизвици.

Со пристапувањето на трите западно-балкански земји во НАТО, безбедносната поставеност на регионот значително се измени. Справувањето со организиран криминал, 2% од БДП за учество во одбраната, но и самите глобалните безбедносни политички дебати укажуваат на потребата за нови политички решенија, вклучувајќи ги и одговорите кои ги нудат социјално демократските партии. Додека безбедноста игра битна улога во реториката, прогресивните партии треба да понудат нови идеи и концепти за социјално демократска надворешна и безбедносна политика, кои се темелат на соработка и демократизација. Европските и глобалните дебати за безбедносни политики треба да бидат тема на дискусија помеѓу прогресивните чинители во регионот.

 

Видеото е достапно на следниот линкhttps://youtu.be/Yk6JOz5gQjY

Фондација Фридрих Еберт Скопје

Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза), 
1000 Скопје, 
Северна Македонија

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org

назад на почеток