26.10.2020

ПРОМОЦИЈА НА АНАЛИЗА И ДЕБАТА ЗА “ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД-19 ВРЗ НИСКО ПЛАТЕНИТЕ И ТРУДОИНТЕНЗИВНИ ГРАНКИ”

Фондацијата Фридрих Еберт Скопје во партнерство со здружението на граѓани “Гласен Текстилец” од Штип реализираше Анализа на тема “Влијанието на Ковид-19 врз ниско платените и трудоинтензивни гранки”.

Фокусот на оваа Анализа беше да се истражи влијанието на пандемијата од Ковид-19 и владините мерки донесени во тој период, врз работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија.

Анализата беше презентирана во рамки на овогодинешната Текстилијада која ја организираше здружението на граѓани Гласен текстилец во Штип, во периодот од 15 – 17 октомври.  Како дел од презенирање на Анализата, се оддржа и дебата во однос на наодите од Анализата, со панелистите проф. Д-р. Никола Поповски, Кристина Ампева и Донче Стаменков.

Почитувањето и заштитата на работничките права е една од вредностите за кои Фондацијата Фридрих Еберт Скопје се залага во нејзината работа, и ќе продолжи во иднина да работи на полето на промоција и подигање на свеста во општеството за нивно потполно уживање од страна на работниците. 

Анализата може да се најде на овој линк.

Фондација Фридрих Еберт Скопје

Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза), 
1000 Скопје, 
Северна Македонија

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org