Работна средба: Евалуација на теренската работа во рамки на пилот фазата од проектот “Гаранција за млади” во 2018
Во рамки на средбата тие имаа можност да ги презентираат и евалуираат нивните досегашни активности, како и да ги дискутираат можностите, придобивките и предизвиците со кои се соочуваат на терен. На крајот од работниот ден, беа креирани препораки врз основа на досегашните искуства, симулирани ситуации и конкретни примери, чија цел е да им ја олеснат работата на теренските работнички и работници кои ќе се вклучат во понатамошните фази од имплементацијата на проектот Гаранција за млади.
Проектот започна со реализација на почетокот на годината од страна на Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија, Агенцијата за вработување и Националниот Младински Совет на Македонија, а ги опфати општините Гостивар и Струмица, како и град Скопје. Во идниот период, а по завршувањето на пилот фазата, се очекува проширување на проектот на територијата на целата држава. Гаранција за млади е активна мерка за вработување на млади лица која се спроведува во државите од Европската Унија од 2012 година.
Фондација Фридрих Еберт Скопје
Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза),
1000 Скопје,
Северна Македонија