02.11.2020

СЕ ОДДРЖА ЧЕТВРТОТО ИЗДНИЕ НА ИСТРАЖУВАЧКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ – СКОПЈЕ

Во периодот од 20 – 25 Октомври се оддржа четвртиот по ред Истражувачки Филмски Фестивал – Скопје, во организација на Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА во партнерство со Фондацијата Фридрих Еберт – Скопје.

На четвртото фестивалско издание се зборуваше за влијанието на пандемијата врз новинарството, медиумите и начинот на комуникација, но и за низа други трендови и предизвици во новинарската професија. Овогодинешната фестивалска програма вклучуваше филмови кои ја отсликуваат сегашната состојба во светот и истрајноста на човештвото, како и дискусии со медиумски професионалци од државата и светот.

Темата на фестивалот оваа година беше Солидарност – еден аспект од секојдневниот  живот кој се покажа од суштинска важност во периодот на светската пандемија, а секако и движечка сила кога станува збор за заедничките предизвици и достигнувања исто така.

 

За првпат, програмата на Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје оваа година целосно беше одржана онлајн поради околностите со памдемијата, а Фестивалската програма беше бесплатна и отворена за сите гледачи и широката јавност.

Фондација Фридрих Еберт Скопје

Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза), 
1000 Скопје, 
Северна Македонија

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org