08.03.2021

Студија за жените на Република Северна Македонија 2020

Години наназад жените се борат за рамноправност и свое место во политиката. Клучните и тешки чекори се направени, денес жените имаат сојузници, но предизвиците сѐ уште постојат. Затоа останува и понатаму да ги поддржуваме жените и да целиме кон родова еднаквост.

ERROR: Content Element with uid "44327" and type "media" has no rendering definition!

Со видео пораката на министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, по повод Меѓународниот ден на жената,  ги охрабруваме жените во земјата да влезат во политичката арена и да се изборат за своето место во општеството.

Со цел да придонесеме кон промените и подобрување на родовата еднаквост во земјата, Фондацијата Фридрих Еберт во Скопје ја спроведе сеопфатната национална Студија за жените на Република Северна Македонија 2020 која ќе биде промовирана на 15 март 2021 во 12.00 часот.

Фондација Фридрих Еберт Скопје

Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза), 
1000 Скопје, 
Северна Македонија

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org