02.11.2018

Улогата на младите во синдикатот

На 30ти Окомври, преку јавна дискусија на тема “Улогата на младите во синдикатите” беше презентирана Програмата, како и Акцискиот план за работа на Секцијата за млади при Сојузот на синдикати на Македонија (СМССМ).

 

Настанот кој беше во заедничка организација на Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија Скопје и Секцијата на млади при ССМ, беше наменет за информирање на пошироката јавност, а особено младинските организации и другите релевантни партнери за програмата и идните активности на Секцијата, чија цел е преку инклузивен процес и таргетирање на сите релевантни чинители, организации и институции да креира иницијативи кои имаат за цел зајакнување на положбата на младите на пазарот на труд, како и застапување на нивните права од работен однос.

Во период кога се иницираат и имнплементираат процеси од клучно значење за младите како на национално, така и на регионално ниво, улогата на младите во синдикалното организирање е неминовна и неопходна за решавање на предизвиците и проблемите со кои тие се соочуваат како високатa стапка младинска невработеност, нискиот стандард и растелки тренд на иселување. 

Фондација Фридрих Еберт Скопје

Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза), 
1000 Скопје, 
Северна Македонија

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org