14.09.2020

Запознај ја планината за одржлив локален развој “Дојди на Пониква, запознај го регионот!”

Заедниците кои својот развој го засноваат на заштита и унапредување на природните богатства се заедници кои остваруваат економски напредок кој е одржлив, праведен и исовремено во согласност со потребите на идните генерации.

Оттука произлезе и идејата да на 6-ти септември, во соработка со општина Кочани и Македонското еколошко друштво, Фондацијата “Фридрих Еберт” ја организира Планинарската тура “Дојди на Пониква, запознај го регионот!”. На 6-километарската тура кон локалитетот Раткова Скала, со водич беа претставени дел од прекрасните пејзажни убавини и природни вредности на Осоговието, а активно учество и придонес во можностите за одржлив локален развој дадоа претставници од меѓународната заедница, граѓански организации и владини институции. Токму преку директно запознавање со регионот, настанот имаше за цел да ги промовира можностите за одржлив развој чие искористување е возможно само доколку постои силна локална иницијатива, а истата е поддржана од локалната самоуправа, соодветните институции, граѓанските организации, а и самото локално население.

Како прв настан од овој вид, веруваме дека истиот ќе служи во иднина како платформа за креирање на одржлива програма за развој, која ќе ги унапреди економските можности во регионот, истовремено штитејќи го природното наследство и промовирајќи ги Целите за одржлив развој.

Гледајте го краткиот филм „Природата е вредност“ снимен за време на планинарската тура на следниот линк. Овој филм е снимен од страна на дел од продуцентите на документарниот филм „Медена земја“, номиниран за Оскар во 2020. Кинематографери: Фејми Даут, Драгољуб Николовски и Ѓорги Клинчаров; Сценарио и режија на Костадин Анастасов.

Фондација Фридрих Еберт Скопје

Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза), 
1000 Скопје, 
Северна Македонија

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org