20.03.2023

КОНКУРС за учеснички на програмата “Future is Feminist”

“Фондацијата Фридрих Еберт – Скопје” во соработка со “Асоцијацијата за инклузивен и одржлив развој - SIGA” распишуваат КОНКУРС за учеснички на програмата “Future is Feminist”.

Програмата “Future is Feminist” претставува серија на обуки за млади и инспиративни девојки и жени кои се спремни да учат, напредуваат, водат и служат на демократските процеси и целат кон развој на нивната кариера во бизнисот или политиката.

Обуката треба да обезбеди разбирање и вештини за управување со човечки ресурси, буџет, приоритети и време, како и продлабочени знаења за принципите на женското владеење.

Повеќе информации за програмата и критериумите за учество можете да најдете ТУКА.

Friedrich-Ebert-Stiftung
Skopje

Boul. 8-mi Septemvri 2/2-5
(TCC Grand Plaza),
Skopje 1000,
North Macedonia

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org

back to top