17.02.2025

Јавен повик за учество на 16-тата Политичка Академија за социјална демократија

Политичката Академија за социјална демократија е проект за политичко образование дизајниран да ги едуцира и обучува младите кои ги споделуваат социјалдемократските вредности и се активни учесници во општествениот и политичкиот живот во Република Северна Македонија. Целта на Академијата е унапредување на демократските процеси преку зајакнување на капацитетите на младите професионалци и идни лидери, и капацитетите на граѓанското општество.

Политичката Академија ќе им обезбеди на учесниците теоретски знаења и практични вештини со кои ќе им овозможи да влијаат и придонесуваат во општествениот и политичкиот живот во Северна Македонија, истовремено правејќи ги активни чинители во унапредување на демократските процеси.

Учесниците ќе поминат низ интензивен курс кој ќе ги запознае со спектарот на политичките идеологии, со посебен фокус на социјалдемократската идеологија, историјат, развој на социјалдемократската мисла во Македонија како и современите социјадемократски партии во Европа. Низ модулите, преку внимателно избрани теми од општествен интерес ќе се разработува социјалдемократскиот пристап кон современите општествени предизвици а учесниците ќе работат на развивање на прогресивни идеи за справување со истите.

Дополнително, во рамки на Академијата на учесниците ќе им се обезбеди обука за процесот на застапување, како и практични вештини за развивање на различните алатки за застапување. Со обуките за политичка комуникација и јавен настап, на учесниците ќе им се пренесат потребните вештини за застапување на креираните решенија пред релевантните засегнати страни.

Академијата ќе се реализира во рамки на четири модули, тридневни викенд семинари и тридневна студиска посета, за најистакнатите учесници, во следниве термини:

  • Модул 1: 21-23.03.2025
  • Модул 2: 25-27.04.2025
  • Модул 3: 30.05-01.06.2025
  • Модул 4: 20-22.06.2025
  • Модул 5 (студиска посета): ноември

Услови за учество:
Кандидатите за да учествуваат на ПА2025 треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

  1. Да бидат државјани на Република Северна Македонија;
  2. Да бидат на возраст меѓу 20 и 35 години;
  3. Да бидат активно вклучени или да имаат изразен интерес за вклучување во општествениот и политичкиот живот на Северна Македонија;
  4. Да споделуваат социјалдемократски вредности;
  5. Да имаат основни познавања од општествените науки и политичката терминологија;
  6. Активно познавање на англискиот јазик.

ЛИНК ЗА РЕГИСТРАЦИЈА! Или испратете ваша Биографија и Мотивациско писмо на contact@progres.org.mk.

Процес на селекција:
Кандидатите ќе бидат оценувани врз основа на нивните лични достигнувања, академско и неформално образование, работно искуство и мотивација. Процесот на селекција, исто така, ќе обезбеди застапеност од различно етничко, верско, родово, регионално и социјално потекло во Северна Македонија.
Организаторите го задржуваат правото на одржување на интервју доколку оценат дека е потребно во процесот на селекција.

Сите апликанти ќе бидат известени за резултатите преку е-пошта, најдоцна до 4ти март 2025 година.

Краен рок за аплицирање: 1ви март 2025

*Погрижете се да ги доставите сите потребни документи, бидејќи некомплетните апликации нема да се разгледуваат!

Friedrich-Ebert-Stiftung 
Skopje

Adresa: 8-mi Septemvri 2/2-5
(TCC Grand Plaza),
Shkup 1000,
Maqedonia e Veriut

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org