03.04.2024

Јавна дискусија „Нова ера, нова надеж“

На 2 април, се одржа јавна дискусија „Нова ера, нова надеж“ кадешто се разговараше за нов концепт на водење на економијата после соочувањето со најголемите здравствени, економски и воени шокови изминативе неколку години, во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“ - канцеларија Скопје.

Учество на оваа дискусија зедоа универзитетските професори Драган Тевдовски, Ванчо Узунов, Глигор Бишев, Драган Миновски, Академик и Ректор на Универзитетот на Југоисточна Европа Абдуламенаф Беџети, претставничката на Елсон Солушанс Олимпија Христова-Заевска, како и проектната координаторка во ФЕС Ивана Вучкова.

Главната порака што беше испратена од дискусијата е дека е потребно да се засили улогата на државата во економијата, а трансформацијата треба да се потпира врз неколку столба - зголемување на јавните вложувања во обновлива енергија и други аспекти на зелената транзиција, зголемување на јавните инвестиции во социјална заштита, образование и здравство, спроведување на подобри земјоделски политики, подобрување на политиките со цел да се привлечат странски инвестиции, како и воведување попрогресивни даноци.

Во однос на прашањето што треба да направи Европската Унија за да го поддржи регионот, беше потенцирано дека ЕУ треба да го промени својот сегашен пристап кон регионот, со тоа што ќе го сфати регионот многу посериозно. Ова треба да биде комбинација од побрза интеграција во ЕУ, поголема вклученост во решавањето на регионалните политички прашања, како и обезбедување на итна и соодветна финансиска поддршка.

Friedrich-Ebert-Stiftung 
Skopje

Adresa: 8-mi Septemvri 2/2-5
(TCC Grand Plaza),
Shkup 1000,
Maqedonia e Veriut

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org