03.04.2019

„Ајде да зборуваме за даноци!“

Во организација на Фондацијата Фридрих Еберт, на 29ти Март 2019 на Економскиот Факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип се одржа првата Јавна дебата “Ајде да зборуваме за даноци!”.

За време на дебатата, студентите имаа можност да зборуваат за даноци со Министерот за финансии, г-дин Драган Тевдовски, Директорката на Управата за јавни приходи, г-ѓа Сања Лукаревска, и Продеканот на Економскиот факултет, доц. д-р Љупчо Давчев.

Студентите дебатираа за видовите даноци, формите на даночни стапки, нивните предности и недостатоци, карактеристики, принципи и функции, како и за ефектите на прогресивниот данок на личен доход врз социо-економските текови во државата. Притоа, Министерот за финансии ја истакна одлуката за прогресивно оданочување како мерка за борба против високите стапки на нееднаквост и сиромаштија во нашата земја.

Учество во дебатата земаа и професори и експерти на темата, претставници на Управата за јавни приходи во Штип, Стопанската комота, при што се разви динамична и аргументирана дебата која ги поттикна студентите да покажат интерес за земање активно учество во овие процеси во иднина. Заклучоците од дебатата уште еднаш потврдија дека нашата земја и е потребен правичен даночен систем и мерката за прогресивно оданочување на личниот доход е чекор кон остварување на тоа.

Следната дебата “Ајде да зборуваме за даноци!” е предвидена за 17ти Април, 2019 на Универзитетот на „Југоисточна Европа“ во Тетово. 

Friedrich-Ebert-Stiftung 
Skopje

Adresa: 8-mi Septemvri 2/2-5
(TCC Grand Plaza),
Shkup 1000,
Maqedonia e Veriut

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org