26.02.2020

Билатерални канцеларии за младинска соработка помеѓу Северна Македонија и Грција

На 31 јануари 2020 се одржа настан на кој беше најавен и промовиран проектот за отворање на билатералните канцеларии за младинска соработка помеѓу Северна Македонија и Грција.

Проектот е резултат на долгогодишната соработка на Фондацијата Фридрих Еберт – Скопје со Младински Сојуз Крушево и УНЕСКО Клубот од Солун на проектот Contact for Common Future, кој во изминатите 10 години иницираше различни видови на соработка помеѓу младите од двете земји.

Канцелариите ќе имаат задача да ги зајакнат врските помеѓу младите од Северна Македонија и грција и да го продлабочат меѓусебното разбирање.  

Билатералните канцеларии за младинска соработка помеѓу Северна Македонија и Грција ќе бидат основани по моделот на Француско-Германските канцеларии за младинска соработка кои успешно реализираат соработка помеѓу младите од двете земји повеќе од пет децении. 

Friedrich-Ebert-Stiftung 
Skopje

Adresa: 8-mi Septemvri 2/2-5
(TCC Grand Plaza),
Shkup 1000,
Maqedonia e Veriut

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org