17.06.2020

ФЕС ја доделува наградата за човекови права на Зоран Заев

Фондацијата Фридрих Еберт со задоволство објавува дека на две годишнината од Преспанскиот договор донесе одлука овогодишната награда за човекови права да ја додели на Зоран Заев. Фондацијата ја истакнува и вреднува неговата храброст и континуирано залагање за слободно и отворено општество и заштитата на правата на сите граѓани на Северна Македонија за подобра и европска иднина на земјата.

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ

На двегодишнината од Преспанскиот договор, Фондацијата Фридрих Еберт“ објавува дека Наградата за човекови права ја доделува на Зоран Заев. На тој начин ФЕС му оддава признание на Заев за личната посветеност кон Договорот и неговите проевропски заложби за слободно и отворено општество. Зоран Заев е поранешен премиер на Северна Македонија и претседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Северна Македонија. Официјалното доделување на наградата е планирано за оваа есен во Берлин.

Со доделување на наградата, Фондацијата „Фридрих Еберт“ му оддава признание на Зоран Заев за неговата мировна политика и склучувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија во 2017 година и Преспанскиот договор со Грција во 2018 година. Преспанскиот договор подразбираше промена на името на земјата со што се реши 27-годишниот спор за името и ѝ овозможи на земјата членство во НАТО и отворање на преговорите за пристап кон Европската Унија. Двата договори се централните обележја за подобрување на животните услови во земјата. Со неговата подготвеност да донесе разумни, но во голема мера непопуларни одлуки, Зоран Заев покажа дека тие одлуки се поважни од неговата политичка судбина. 

Курт Бек, претседателот на Фондацијата „Фридрих Еберт“, особено ја нагласува заложбата на Заев за Европа: „Зоран Заев се залага за слободно, отворено и социјално општество. Неговата решителна реформска политика не само што придонесе за мирот и стабилноста, туку и ја доближи Северна Македонија со големи чекори кон Европската Унија.“ 

Заев одигра клучна улога уште како опозициски лидер. За време на „Шарената револуција“ се залагаше за владеење на правото и мирно издејствува нови избори. Подоцна, како премиер постави нови стандарди, особено во делот на социјалната политика. Тој ја зголеми минималната плата за 60%, ги зголеми социјалните придобивки и ги подобри платите на медицинскиот персонал и докторите.

После многу години авторитарен регрес во регионот, Зоран Заев лично претставува промена на насоката што им дава надеж на прогресивните сили во регионот. Ова извонредно достигнување на Зоран Заев го одликува Фондацијата „Фридрих Еберт“ со доделување на овогодишната награда. 

Наградата за човекови права на Фондацијата „Фридрих Еберт“ беше доделена за првпат во 1994 година, основана од наследството на брачниот пар од Хамбург, Карл и Ида Фајст. Брачната двојка навела во својот тестамент дека ја овластува фондацијата да управува со нивното наследство и секоја година да ја доделува наградата за човекови права. Наградата треба да се доделува на лице или организација, кои дале особен придонес на за човековите права во различни делови од светот. Паричната награда изнесува 10.000 евра и се доделува годишно. Минатата година наградата ѝ беше доделена на Мирјам Миранда, активист за правата на жените и заштита на животната средина од Хондурас.

За сите понатамошни прашања контактирајте ја Ева Елерајт, раководителка на Канцеларијата на ФЕС во Скопје: eva.ellereit@fes-skopje.org , +389 71297146

Friedrich-Ebert-Stiftung 
Skopje

Adresa: 8-mi Septemvri 2/2-5
(TCC Grand Plaza),
Shkup 1000,
Maqedonia e Veriut

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org