28.05.2023

Future is Feminist - Втор модул

Се одржа вториот модул „Репутација и управување со буџет“ од програмата „Future is Feminist“, во Маврово.

Поранешниот приватен секретар на принцезата Дијана, Патрик Џефсон и поранешната претседателска советничка, единствена жена којашто работела за два американски претседатели Роналд Реган и Џорџ Буш постариот, за двајца премиери на Обединетото Кралство Тереза Меј и Дејвид Камерон, како и за Кралицата Елизабета - Мери Џо Џејкоби беа двајцата главни говорници што виртуелно зедоа учество на вториот модул „Репутација и управување со буџет“ од програмата „Future is Feminist“, во Маврово.

Покрај нив, свое учество зедоа и директорката на Асоцијацијата за одржлив и инклузивен развој СИГА, Мила Царовска, редовната професорка по менаџмент на човечки ресурси, лидерство, организациско однесување и истражувачка методологија за бизнис и менаџмент на Институтот за социолошки и политичко–правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје проф. д-р Марија Топузовска Латковиќ и управниот директор на првиот акцелератор за социјално претприемништво и импакт бизниси во Северна Македонија Кристијан Милевски.

Програмата претставува серија на обуки за млади и инспиративни девојки и жени кои се спремни да учат, напредуваат, водат и служат на демократските процеси и целат кон развој на нивната кариера во бизнисот или политиката. Целтa е да се детектираат и обучат младите девојки и жени да ги зајакнат своите лидерски вештини и да го менуваат општеството кон подобро.

Friedrich-Ebert-Stiftung 
Skopje

Adresa: 8-mi Septemvri 2/2-5
(TCC Grand Plaza),
Shkup 1000,
Maqedonia e Veriut

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org