01.10.2019

Грасрут акција за зелени промени

Стремејќи се кон одржлив развој и интеграција со западните економии, земјите од Западен Балкан се соочуваат со низа предизвици кои бараат силно внимание и соодветни мерки и политика. Дополнителното влијание од штетните еколошки трендови кои имаат своевиден силен импакт врз секојдневниот живот на граѓаните, бара особен фокус и на социо-еколошките движења во регионот.

Што е потребно за правична социо-еколошка транформација во Југоисточна Евриоа? Каква е состојбата на зелените, односно еколошки движења и активизам во регионот, и што им недостасува? Дали досега извојуваните победи на страна на активистите значат и добиена битка во борбата против уиштување на животната средина за остварување на профитни цели? Дали најзагадениот град во Европа може да стане најзелениот европски град?

На овие и низа други прашања, се дискутираше изминтата недела во Тетово, односно во периодот од 16ти и 17ти септември. Во организација на Фондацијата Фридрих Еберт, овој дводневен настан успеа да собере активисти и претставници на граѓански организации од целиот регион, кои во својата работа се силно посветени на заштита на животната средина. За време на секоја од сесиите, учесниицте ги споделија своите позитивни, но и горки искуства, како и потребата од соработка со локалното население. Влијанието пак на државата, како и партнерството со државните институции, наместо предизвик, може да биде одлична можност за ефективно спроведување на политики кои се во корист на граѓанието, а воедно ја штитат животната средина. Сепак, предусловот е транспарентни и функционални институции кои се отворени за граѓанско учество.

Додека првиот ден беше наменет за меѓусебно запознавање и споделување на практични примери, како и методи и механизми за зелено граѓанско учество, за време на вториот ден учесниците се запознаа со локалната еко сцена во Тетово. Дискусијата на тема “Дали најзагадениот град во Европа може да стане најзелениот европски град?” која се одржа во паркот на Тетовскиот Универзитет, го заокружи дводневниот настан со многу прашања и одговори за улогата на државните институции, но и граѓанските организации во остварување и заштита на фундаменталните човекови права и слободи, пред се правото на чист воздух. Активистите од регионот се сложија дека блиската соработка помеѓу зелените движења и платформи во регионот е од витално значење за промени во насока на зачувување на животната средина и овозможување на одржлив развој. 

Friedrich-Ebert-Stiftung 
Skopje

Adresa: 8-mi Septemvri 2/2-5
(TCC Grand Plaza),
Shkup 1000,
Maqedonia e Veriut

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org