03.07.2018

Лажни вести: Демонизирање на другиот

Растечкиот тренд на лажни вести и ширењето на дезинформации станува глобален проблем. Потхранување на социјалните медиуми со приказни кои се само гласини и озборувања води кон пропаганда и тенденции кои го изобличуваат јавниот дискурс насекаде во светот. Според истражувањата на оваа тема, тројца од десет луѓе и понатаму веруваат во информациите кои ги добиваат преку медиумите, дури и ако подоцна се испостави дека конкретната информација не е вистинита.

ERROR: Content Element with uid "44142" and type "media" has no rendering definition!

Овој злокобен тренд на лажни вести секако не ги одмина ни земјите - соседи: Грција и Македонија. Дури напротив, и во двете земји постои тенденција да објавуваат (или реобјавуваат) вести без воопшто да се провери нивната точност или истите да се споделат со нивните колеги во земјата - сосед, дури и кога станува збор за чувствителни теми како што е прашањето за името.  

Иако е видлив позитивен напредок кај двете земји уште од промената на власта во Македонија во јуни 2017 год., сé уште постојат случаи на демонизирање на другата страна како резултат на лажните вести и дезинформации предизвикани од групите кои не се за тоа двете соседни земји да не постигнат договор.  

Идејата на оваа панел дискусија беше да се дискутира за потешкотиите со кои се судираат општествата како последица на лажните вести, дезинформациите како и недоволните информации едни за други. Природата на новинарската  професија драстично е променета во изминативе години – сега проблем во медиумската индустрија е „немањето вести“. Со оглед на важноста медиумите да помогнат во јакнењето на одржливи демократски општества, мора да се развие нов (деловен) медиумски модел кој истовремено ќе ја гарантира слободата на говорот и ќе се погрижи овој феномен на лажни вести да се редуцира на најниско прифатливо ниво.

Во текот на панел дискусијата се направи важен и драгоцен пресек на темата благодарение на говорниците Билјана Спасеска Георгиевска (Уредник и новинар во ТВ21), Ангелос Атанасопулос  (неделник То Вима, дневен весник Та Неа, портал: In.gr), Василис Недос (дневен весник Катимерини), Васко Попетрески (Новинар и водител на емисијата на ТВ АЛСАТ „360 Степени“) и модераторот Милан Живковиќ (ФЕС - Скопје).

Friedrich-Ebert-Stiftung 
Skopje

Adresa: 8-mi Septemvri 2/2-5
(TCC Grand Plaza),
Shkup 1000,
Maqedonia e Veriut

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org