30.05.2023

#MEF23 - Македонски енергетски форум

Директорот на Фондација „Фридрих Еберт“ со канцеларија во Скопје, Рене Шлее во рамки на шестиот #MEF23 потенцираше дека има огромен потенцијал во децентрализацијата на производството на енергија, а регулативата е клучот.

„Соработуваме навистина многу со општините. Има огромен потенцијал во децентрализацијата на производството на енергија преку подобрување на енергетската ефикасност, фомирање енергетски задруги и јавни претпријатија на локално ниво. Енергетската транзиција мора да биде социјално праведна, насочена кон граѓаните, кадешто локалната заедница има голема улога. Ако правилно ја постигнеме енергетската транзиција тогаш нашите заедници ќе ги направиме поотпорни на кризи. Но, за тоа ни треба адекватна регулатива. Регулативата е клучот. Потребна ни е подобра регулатива, од една страна и стимулации, од друга страна“, изјави Шлее.

Friedrich-Ebert-Stiftung 
Skopje

Adresa: 8-mi Septemvri 2/2-5
(TCC Grand Plaza),
Shkup 1000,
Maqedonia e Veriut

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org