11.09.2018

Multiethnic and Diverse but Equal #MKlivingEUvalues

Во рамки на официјалната посета на земјата од страна на Државниот министер за Европа на Германија, Михаел Рот, канцеларијата на Фондацијата Фридрих Еберт во Скопје организираше панел дебата на тема „Multiethnic and Diverse but Equal – Macedonia Living European Values“.

За време на дебатата, свое обраќање имаа и заменикот-претседател на Владата на Македонија, Бујар Османи и заменик-министерот за образование, Петар Атанасов, кои заедно со претставниците на младинските организации во Македонија како и останатите учесници, имаа можност да ги споделат своите идеи и ставови за влијанието на евроинтеграциските процеси на земјата во насока на градење на мултикултурно и инклузивно општество.

 

Friedrich-Ebert-Stiftung 
Skopje

Adresa: 8-mi Septemvri 2/2-5
(TCC Grand Plaza),
Shkup 1000,
Maqedonia e Veriut

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org