30.03.2024

ОБУКА ЗА КОЛЕКТИВНО ПРЕГОВАРАЊЕ ВО ПРИВАТЕН СЕКТОР

Сојузот на синдикатите на Македонија, СГИП, СИЕР, АГРО и СРТ во соработка со Фондацијата Фридрих Еберт канцеларија Скопје организира специјализирана обука на тема Колективно преговарање.

На обуката, синдикалните активисти од Синдикат за градежништво, индустрија и проектирање на Македонија (СГИП), Синдикат на индустрија, енергетика и рударство на Македонија (СИЕР), Синдикат на работниците од агроиндустрискиот комплекс на РМ (АГРО Синдикат) и Синдикат на работниците од трговија на РМ (СРТ) имаат можност да се стекна со нови знаења и вештини за колективно преговарање во дејностите од приватниот сектор од каде што доаѓаат, да слушнат за хронологијата за Колективно преговарање и неговата примена, за разликата помеѓу индивидуалното и колективното преговарање, за потребата од колективното преговарање како и да развијат нови вештини на колективно преговарање.

На обуката предавач е Лидија Кекеновска Павиќ, Фондацијата Фридрих Еберт канцеларија Скопје ја претставува Валон Садики, а  Потпретседателот на ССМ за приватен сектор Иван Пешевски ги запозна присутните со активностите на ССМ на полето на колективно преговарање и скчлучување на нови колективни договори во приватниот сектор.

Соработката помеѓу ССМ и ФЕС овозможува се поголем број на синдикални активисти да добијат да се стекнат со соодветни обуки за специфични области каде што работата се со цел зајакнување и унапредување на социјалниот дијалог за утврдување на поповолни права за работниците.

Friedrich-Ebert-Stiftung 
Skopje

Adresa: 8-mi Septemvri 2/2-5
(TCC Grand Plaza),
Shkup 1000,
Maqedonia e Veriut

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org