19.09.2025

Панел дискусија: „Домот како основна потреба, а не привилегија: Локални политики за младите“

На 18 септември, во Јавна Соба, се одржа панел дискусијата „Домот како основна потреба, а не привилегија“, каде младите, експертите и кандидатите за градоначалници на Град Скопје дискутираа за предизвиците и можностите за достапно домување.

На 18 септември, во Јавна Соба, се одржа панел дискусијата „Домот како основна потреба, а не привилегија“, каде младите, експертите и кандидатите за градоначалници на Град Скопје дискутираа за предизвиците и можностите за достапно домување. 

Дискусијата ја истакна важноста на домувањето како основно човеково право и предуслов за стабилност, независност и достоинствен живот. Беше потенцирано дека младите во Македонија во просек се иселуваат од родителскиот дом на 32 години, а повеќе од 70% од оние на возраст од 25 до 29 години сè уште живеат со родителите поради високите трошоци и ограничените можности за осамостојување. 

Панелистите се согласија дека за решавање на проблемите со домувањето потребни се локални политики кои се инклузивни, одржливи и правично распределени, како и поддршка од институциите, приватниот сектор и граѓанските организации. 

Настанот беше прилика младите да споделат свои идеи и искуства, а панелистите да предложат конкретни решенија за достапни домови и подобра животна средина за младите во градот. Се заблагодаруваме на сите учесници и панелисти кои придонесоа за значаен разговор за домување за секој.

Friedrich-Ebert-Stiftung 
Skopje

Adresa: 8-mi Septemvri 2/2-5
(TCC Grand Plaza),
Shkup 1000,
Maqedonia e Veriut

+389 2 3093-181 / -182
skopje(at)fes.de