Thursday, 05.10.2017 - Скопје

Преку младинска партиципација и дијалог кон успешни младински политики – регионална младинска конференција

Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), во соработка со Канцеларијата на Фондацијата Фридрих Еберт од Скопје (ФЕС) беше домаќин на Конференција за младите под наслов „Преку партиципација и дијалог кон успешни младински политики“ во Кино Култура, која се одржа на 5 октомври 2017.

Целта на конференцијата беше да овозможи размена на искуства и најдобри практики помеѓу младинските организации и младинските совети со цел младите да се вклучат уште поефикасно во социјалните процеси и да влијаат врз подобрување на квалитетот на младинските политики.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Кајевски, Претседателот на Националниот младински совет Блажен Малески, како и претставници на националните младински совети на Србија, Словенија, Шпанија и Албанија загатнаа низа прашања поврзани со учеството на младите во процесот на донесување одлуки за политиките и за различните конкретни полиња во кои треба да се вклучат претставници на младите. 

Friedrich-Ebert-Stiftung 
Skopje

Adresa: 8-mi Septemvri 2/2-5
(TCC Grand Plaza),
Shkup 1000,
Maqedonia e Veriut

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org