10.02.2024

„Прогресивни политики - одговор на предизвиците на земјите од Западен Балкан“

На 09.02.2024 година се одржа настан со панел дискусија на тема „Прогресивни политики - одговор на предизвиците на земјите од Западен Балкан“ во Даут Пашин Амам во организација на Фондацијата Фридрих Еберт - канцеларија Скопје.

Настанот започна со воведни излагања на потпретседателката на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) Радмила Шекеринска и претставничката на Фондацијата Фридрих Еберт Хелен Кортлаендер.

На панелот насловен „Прогресивни политики - одговор на предизвиците на земјите од Западен Балкан“ свои излагања имаа претседателот на Социјалдемократската партија на Германија Ларс Клингбаил, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Димитар Ковачевски, Меѓународниот секретар на Движењето „Самоопределување“ и Министер за култура и спорт на Република Косово Хајрула Чеку, потпретседателката на Демократската партија од Србија Драгана Ракиќ, претседателот на Партијата за слобода и правда (СПП) Драган Ѓилас, претседател на Социјалдемократската партија на Црна Гора Иван Вујовиќ, потпретседателот на Демократска партија на социјалистите на Црна Гора Иван Вуковиќ, потпретседателката на Социјалдемократската партија на Босна и Херцеговина Лана Прлиќ, како и генералниот секретар на Социјалистичката партија на Албанија Бленди Клоси.

Friedrich-Ebert-Stiftung 
Skopje

Adresa: 8-mi Septemvri 2/2-5
(TCC Grand Plaza),
Shkup 1000,
Maqedonia e Veriut

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org