20.02.2019

Промоција на публикација: „Структура и функционирање на Европскиот суд за човекови права (со посебен осврт на критериумите на допуштеност

На 28-ми Ноември, 2018 година, Фондацијата Фридрих Еберт во Скопје, одржа промотивен настан за својата публкација “Структура и функционирање на Европскиот суд за човекови права (со посебен осврт на критериумите на допуштеност)“ во авторство на д-р. Јелена Ристиќ.

Настанот кој се одржа во Јавна Соба во Скопје, ја истакна важноста на една конзистентна судска пракса во Македонија како составен дел на државните стратегиски приорити за евроинтеграциските процеси. Статистиките од Македонија покажуваат ниски броеви на случаи во кои Судот донел пресуда од поднесените предмети. Ова укажува на сериозен недостаток на познавање на критериумите за допуштеност од страна на поднесувачите. Имајќи го тоа предвид, Фондацијата Фридрих Еберт ја поддржува потребата од релевантна и обновена стручна литература за структурите и функционирањето на Европскиот суд за човекови права. Оттаму, публикацијата „ Структура и функционирање на Европскиот суд за човекови права“ овозможува еден систематски и кохерентен преглед на процедурите и критериумите за аплицирање до Судот. Публикацијата ќе послужи како поддршка за адвокати, правни советници, сите заинтересирани лица кои работат на темата на заштита на човековите права, студенти по правни студии, како и на пошироката јавност.

Исто така, за време на настанот беше истакната идејата за подготовка на анализа од страна на Фондацијата Фридрих Еберт – Скопје, со која ќе бидат опфатени најчестите грешки коишто се прават во процесот на аплицирање до Судот. Со ова, Фондацијата се надева да придонесе кон еден поуспешен пристап при поднесувањето апликации до Судот за човекови права и кон едно потранспарентно и отчетно владеење на правото во Македонија.  

Friedrich-Ebert-Stiftung 
Skopje

Adresa: 8-mi Septemvri 2/2-5
(TCC Grand Plaza),
Shkup 1000,
Maqedonia e Veriut

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org