23.12.2019

Промоцијата на публикацијата “Градот во транзиција – од eколошки, социо-просторни, архитектонски промени до одржлив град: Скопје помеѓу т

Кои општествени процеси влијаат врз промената на градот? Како тие промени го менуваат идентитетот на градот?

Како правилно да се измерат потребите на модерниот град и тој да се модернизира зачувувајќи ги своите традиционални и автентични вредности? Kако до одржлив град низ правични еколошки, социо-просторни и архитектонски промени? Овие и многу други прашања ќе претставуваат стимул за изработка на публикацијата од страна на авторките Ива Петрунова и Емина Рустемовска, кои ја споија теоријата со практичните предизвици со цел да ги идентификуваат можностите за изградба на Скопје во метаболички град кој е димензиониран на времето во кое постои и приспособен на потребите на граѓаните.

Во организација на Фондацијата Фридрих Еберт и Град Скопје, на 13ти ноември, Денот на ослободувањето на градот, оваа публикација беше промовирана и пред широка публика во рамки на просториите на Скопската жива лабараторија. Притоа, промоцијата беше проследена со широка дискусија и свои видувања на темата од страна на претставници на Град Скопје, граѓански организации, универзитетски професори.

Публикацијата го обработува и текот и развојните етапи од урбанизацијата на Град Скопје, осврнувајќи се на сите значајни социолошки промени, кои несомнено оставиле печат и денес претставуваат идентификација на градот.Неолитот, антиката, средниот век, османлискиот период, балканските и светските војни, периодот после катастрофалниот земјотрес, крајот на XX век, проектот Скопје 2014. Публикацијата ги издвојува проблемите со кои се соочува градот во актуелните услови за живеење, земајќи ги предвид последиците од сите споменати периоди, а притоа нуди можни решенија за справување со истите, давајќи осврт одржливо урбано планирање и тоа од еколошки, економски, културолошки и административно ефикасен аспект.

 

Целиот текст на публикацијата е достапен на следниот линк: http://library.fes.de/pdf-files/bueros/skopje/15815.pdf

Friedrich-Ebert-Stiftung 
Skopje

Adresa: 8-mi Septemvri 2/2-5
(TCC Grand Plaza),
Shkup 1000,
Maqedonia e Veriut

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org