06.09.2018

Регионална конференција Вучко 2018

Во периодот од 30ти август до 2ри септември 2018, во организација на Фондацијата Фридрих Еберт се одржа oсмата Регионална конференција ВУЧКО во Јахорина, Босна и Херцеговина.

Во фокусот на овогодинашната програма беа “Климатските промени во регионот”, како и можностите за одржлив развој. Преку поттикнување на дискусија за климатските промени помеѓу учесниците (Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Албанија), целта на конференцијата беше да токму тие како млади и прогресивни членови на општетсвото, но и најзасегнати од климатските промени да предложат решенија за понатамошен одржлив развој.

На самото отварање на конференцијата, свое обраќање имаше и Јани Макрадули, Заменик министер за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, при што ја презентираше состојбата во која се наоѓа Македонија, како и понатамошните планови за дејствување  на државата во насока остварување одржлив развој.

Маја Митевска од Еко Логик, пак зеде учество на панелот за “Енергетска трансформација” или “Правична транзиција” каде ги истакна најголемите предизвици со кои се соочува Република Македонија во процесот на енергетска транзиција како и можностите кои би го олесниле овој процес. Маја истакна дека Република Македонија како земја кандидат за членка на Европската Унија се соочува со огромен предизвик во насока на хармонизација на националните закони со европските директиви.

Во рамки на конференцијата беше остварена посета на мала приватна хидроцентрала каде што се отвори прашањето за постојните закони, предизивици и препреки со кои се соочуваат инвиститорите како и законските регулативи. Посетата пак на невладината организациија Еко-Форум Зеница која работи на намалување на индустриското загадување, го отвори прашањето и за Зеница како еден од најзагадените градови, пред се поради постоечките метални индустрии. Во разговор со претставниците, беа споделени искуствата и добрите практики на оваа организација која работи да ја подигне свеста кај граѓаните за последиците од загадувањето но и во исто време води битка со локалните метални индустрии и државата за елиминирање на овој проблем. Следуваше и разгледување на локална соларна електрана каде беше споделено искуството за можностите за користење на обновливи извори на енергија, но и предизивиците со кои се соочуваат инвеститорите.

При изготвувањето на предлози од страна на учесниците на конференцијата за тоа како климатските промени и одржливиот развој да бидат ставени во политичките агенди, Сашко Јованов од Хуманост го презентираше делот на подигање на свесноста на општеството преку изготвување на наставни програми за едукација на децата од рана возраст (Еколошки училишта)  од страна на граѓанските организации, кои се наменети за зачувување на животната средина, борба со климатските промени но и свесноста за потребата од имлементирање на Глобалните цели за одржлив развој.

Помеѓу учесниците од Македонија, имаше претставници на невладини организации чиј примарен фокус се климатските промени и одржливиот развој: Еко Логик, Хуманост, како и претставници на Социјалдемократската Младина на Македонија (СДММ). 

Friedrich-Ebert-Stiftung 
Skopje

Adresa: 8-mi Septemvri 2/2-5
(TCC Grand Plaza),
Shkup 1000,
Maqedonia e Veriut

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org