27.10.2023

Регионална социјалдемократска Академија за женско лидерство

Во периодот 27-29 октомври 2023 година се одржа регионалната социјалдемократска Академија за женско лидерство на жени лидерки од социјалдемократските партии и граѓански организации од Северна Македонија, Србија, Албанија, Грција, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија.

Академијата се отвори со воведни излагања на претставвничките на Форумот на жени на СДСМ, проектната координаторка во ФЕС Нита Старова и претставничката од ФЕС Белград Ана Манојлович-Стакич.

Целта на Академијата е зајакнување на лидерските вештини кај жените социјалдемократки, поттикнување да направат правилен чекор и да го заземат своето место во заедниците кадешто се носат одлуките и политиките, затоа што резултатите покажуваат дека жените на клучни лидерски позиции работат многу помудро, подобро, со интегритет и емпатија правејќи позитивни промени за државата.

Friedrich-Ebert-Stiftung 
Skopje

Adresa: 8-mi Septemvri 2/2-5
(TCC Grand Plaza),
Shkup 1000,
Maqedonia e Veriut

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org