10.11.2025

Петти Социо-еколошки форум

Вчера во Скопје се одржа петтиот Социо-еколошки форум, во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“ – Канцеларија Скопје и Прогрес Институтот за социјална демократија. Форумот ги обедини домашните и меѓународните експерти, активисти, претставници на граѓански организации и политички чинители околу темата „ Обликување на јавниот простор во насока на социо-еколошка правда“. Настанот започна со едукативна прошетка низ централното градско подрачје, каде преку набљудување, разговори и размена на искуства се отворија прашања за квалитетот, функцијата и иднината на јавниот простор. Граѓаните истакнаа потреба од повеќе зеленило, сенка, пристапност и инклузивност, како и јавни простори што ја поттикнуваат благосостојбата и достоинството на заедницата.
Во фокусот на форумот беше пристапот Заедничко обликување на просторот, кој го третира јавниот простор како заеднички и партиципативен процес. Во услови на растечки социјални нееднаквости и климатски предизвици, овој пристап беше препознаен како важна алатка за создавање правични, зелени, инклузивни и отпорни градови.
Во рамки на програмата се одржа и проекција на документарниот филм „Скопје Ремикс“, кој преку девет приказни ја прикажува субкултурната сцена и нејзината улога во оживувањето на јавните простори во градот.
Преку тематски работилници и панел-дискусија, учесниците работеа на концепти за климатски отпорни јавни простори, подобрување на пристапноста и инклузивноста, како и модели за унапредување на енергетската ефикасност во урбаното планирање. Во дискусиите беше нагласено дека јавниот простор мора да се планира според реалните потреби на граѓаните и да биде ставен во вистинска функција на заедницата.
Петтиот Социо-еколошки форум уште еднаш ја потврди важноста на јавниот простор како клучен ресурс за социјална и еколошка отпорност и како почетна точка за праведна и одржлива урбана трансформација.
 

Friedrich-Ebert-Stiftung 
Skopje

Adresa: 8-mi Septemvri 2/2-5
(TCC Grand Plaza),
Shkup 1000,
Maqedonia e Veriut

+389 2 3093-181 / -182
skopje(at)fes.de