22.09.2025

Скопје беше домаќин на првиот регионален феминистички фестивал „Еден свет, една борба“

Од 19 до 21 септември 2025 година, во Скопје се одржа првиот регионален феминистички фестивал „Еден свет, една борба“, во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“ – Канцеларија Скопје. Фестивалот обедини уметници, активисти и граѓани околу заедничка порака за родова еднаквост, солидарност и социјална правда.

Во текот на трите фестивалски денови, на повеќе локации низ градот – Македонскиот народен театар, Јавна Соба и Градскиот парк – публиката имаше можност да проследи богата програма составена од театарски претстави, музички настапи, изложби, уметнички инсталации и перформанси.

Фестивалот беше отворен со театарската претстава „Девојчиња“ во режија на Милена Богавац, по што следуваше програма со уметнички содржини и настапи од автори од Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Словенија, Албанија, Украина, Швајцарија и Иран. Завршниот ден, во Градскиот парк, беше посветен на отворена програма за сите генерации, со музички настапи, перформанси и активно учество на публиката.

Фестивалот „Еден свет, една борба“ ја истакна важноста на феминизмот како борба за достоинство, слобода и еднакви можности за сите. Преку уметноста, фестивалот отвори простор за дијалог, солидарност и заедничка визија за поправедно, поотворено и похумано општество.

Им благодариме на сите уметници, учесници и граѓани кои беа дел од фестивалот и придонесоа кон неговиот успех.

Еден свет, една борба – заедно создаваме промени.
 
Friedrich-Ebert-Stiftung 
Skopje

Adresa: 8-mi Septemvri 2/2-5
(TCC Grand Plaza),
Shkup 1000,
Maqedonia e Veriut

+389 2 3093-181 / -182
skopje(at)fes.de