Така,
силната афирмација на Република Северна Македонија за членство во Европската унија како и постојниот статус на страна на Договорот за Енергетска заедница претставуваат основа за правната рамка на енергетскиот сектор на земјата и нејзиното позиционирање во меѓународни рамки.
Од друга страна, тие треба да претставуваат и можности за праведна транзиција која истовремено ќе води кон декарбонизација, креирање на нови работни места и унапредување на животната средина, истакна Ева Елерајт, директорка на Фондацијата „Фридрих Еберт”, канцеларија Скопје во рамки на своето обраќање на он-лајн промоцијата на публикацијата „Правна рамка на електроенергетскиот сектор во Република Северна Македонија и нејзина меѓународна позиција”. Издадена од страна на група професори од УКИМ/ФЕИТ во соработка со Фондацијата „Фридрих Еберт“, оваа публикација ги анализира сите аспекти кои ја засегаат енергетската транзиција во земјата, како и можности за остварување на што е можно поголем бенефит, како за граѓаните, така и за државата.
- Стратегијата за енергетика на ЕУ, наречена Енергетска Унија, има пет меѓузависни поттикнувачки димензии, кои се дополнуваат и си помагаат при исполнувањето. Тоа се: енергетска сигурност, потполно интегриран пазар на енергија, енергетската ефикасност како многу важен елемент во целата стратегија на ЕУ и можност за намалување на потрошувачката на енергија, понатаму, климатска промена декарбонизација и истражување. Суштината на предложените мерки се сведува на енергетска ефикасност, глобално лидерство во обновлива енергија и чесен договор за потрошувачите. Пред година дена, за спроведување на својата стратегија, ЕУ излезе со патоказ, т.н. Зелен договор. Целта е да се трансформира стопанството на Европа во модерно и конкурентно стопанство со способност на ефикасен начин да ги искористува домашните ресурси. Поточно, да престанат сите нето-емисии на стакленички гасови до 2050 година, стопанскиот пораст да биде раздвоен од експлоатацијата на ресурси, како и ниеден човек и ниедно место во ЕУ да не останат без заштита и соодветна грижа. Затоа потребна е праведна и инклузивна политика за сите, појасни проф. д-р Весна Борозан.
Според доц. д-р Петар Крстевски најзначаен дел од легислативата на ЕУ е правната рамка за која ги дефинира мерките за поддршка на користењето на обновливите извори на енергија кое треба да биде дефинирано во националните програми како задолжителна цел за заштита на животната средина.
- Најважна е енергетската транзиција кон чиста енергија. За да се постигне тоа, започната е изработка на интегрирани планови за енергија и клима, а потребно е и да се изврши и спојување на пазарите на електрична енергија и формирање на функционален регионален пазар на електрична енергија во Југоисточна Европа. Функционирањето на регионалниот пазар е условено од примена на заеднички мрежни правила, ова е актуелно и се очекува до крај на 2021 да се имплементираат овие мрежни правила, појасни тој.
За проф. д-р Александра Крколева Матеска, целта на анализата на правната рамка е да се направи преглед на реформите во електроенергетскиот сектор и степенот на имплементација на важечкото право на Енергетската заедница. - Направени се значајни чекори во сите области кои беа цел на анализата, а пример за тоа се раздвојувањето и сертификацијата на операторот на преносниот систем и назначувањето на МЕМО за Номиниран оператор на пазарот на електрична енергија. Во областа клима подготвен е нацрт Национален план за енергетика и клима, а Република Северна Македонија е прва од договорните страни на Енергетската заедница која ја исполни оваа задача. Во оваа област отпочната е постапка за донесување на нов закон за климатска акција преку кој ќе се транспонира Регулативата (ЕУ) 525/2013 која се однесува на механизмот за следење и известување за емисиите на стакленички гасови. Сепак, треба да се има предвид дека има уште задачи кои треба да се исполнат во сите пбласти кои беа опфатени со анализата и дека процесот треба да продолжи понатаму, во чекор со промените на законодавството на Енергетската заедница и европското законодавство.
- Обврските кои ги преземавме бараа чекор по чекор да го намалуваме домашното производство на струја од Електраните, а повеќе да се фокусираме на обновливите извори на енергија. ЕСМ како што најави, планира до 2025 еден од блоковите да го замени со природен гас. Треба да бидеме искрени дека инвестициите во обновливите извори ќе си имаат соодветно влијание врз цените, но и врз ранливите потрошувачи, затоа ние како комисија предложивме олеснителни мерки посебно за овие категории до Министерството за економија и МТСП. Напоредно со овој процес треба да се инвестира во енергетска ефикасност, ние не сме богата земја, овие инвестиции треба да бидат помогнати од Владата, појасни Марко Бислимоски, директорот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Р.С.Македонија.
Според него како земја во изминатиот период имаме многу инвестиции во обновливите енергија, кај фотоволтаични електрани, кои не користат субвенции од државата и тие ја продаваат струјата на слободниот пазар, но секако потребни се дополнителни олеснителни мерки за зголемено производство на електрична енергија од обновливи извори, како и итно обновување на преносниот систем-мрежата за да се зголемат странските инвестиции во оваа гранка.
Авторите, професорите од Универзитетот Св. Кирил и Методиј при Факултет за електротехника и информациски технологии, проф. д-р Весна Борозан, вон, проф. д-р Александра Крколева Матеска и доц. д-р Петар Крстевски, работеа на анализа на правната рамка на електроенергетскиот сектор на Република Северна Македонија и нејзина меѓународна позиција, со акцент на достигнувањата во процесот на спроведување на реформите, како и дефинирање на преостанатите чекори.
Оваа публикација, во која авторите ги објаснуваат во целост правните аспекти на енергетската транзиција на државава, има за цел да им послужи на тековните и идни дискусии, кои се водат на темата, од страна на сите засегнати страни, вклучувајќи ги владините институции, граѓанските организации, синдикати и академската заедница. Заложбите за креирање на социјално и праведно општество во кое енергетската сиромаштија е многу повеќе од бројка, кои истовремено се надополнуваат со предизвиците кои ги носат климатските промени, претставуваат нераскинлив дел од мотивите на европското законодавство.
Компаративната анализа, која е придружена кон оваа публикација, ни дава јасни и концизни индикации за идните чекори во однос на понатамошното усогласување на правните решенија, притоа задржувајќи се на позитивните аспекти и можности кои треба да ги искористиме како држава, а и како регион. Публикацијата е резултат на взаемна волја и соработка помеѓу Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Факултет за електротехника и информациски технологии, во Скопје (УКИМ/ФЕИТ), а поврзано со европскиот проект од програмата „Хоризонт 2020, фондацијата „Фридрих Еберт“, канцеларија Скопје и канцеларијата за Регионален дијалог Југоисточна Европа (Дијалог ЈИЕ) со седиште во Сараево.
Во рамките на својата работа, Фондацијата „Фридрих Еберт” посветува особено внимание на развивање стратегии и поттикнување дискусии по клучни прашања кои се однесуваат на економските и социјални предизвици во земјата и регионот, како и на теми кои отвораат можности за унапредување на демократијата. Предизвиците кои му претстојат на електроенергетскиот сектор играат голема улога во дефинирањето на понатамошниот економски и социјален развој на земјата. Истовремено, тие нудат можности за негова демократизација, не само преку учество на граѓаните во носењето на одлуки, туку и преку нивно активно учество во сите пазари, било произведувајќи електрична енергија за сопствена потрошувачка, размена или продажба, било обезбедувајќи услуги за складирање на енергија. Ова е уникатна можност за крајните потрошувачи, која произлегува од транзицијата кон обновливи извори на енергија и која ќе може да се нарече праведна, само доколку праведно ги вклучи сите засегнати страни, а особено крајните потрошувачи, било како потрошувачи-производители или пак, преку енергетските задруги, потенцираше Ивана Вучкова, координаторка на програмата во Фондацијата „Фридрих Еберт”, канцеларија Скопје.
Сите материјалисејавно достапни на веб страницата на ФЕС поточно публикација и компаративната анализа, како и на посебен дел за проектот CROSSBOW на веб страницата на УКИМ/ФЕИТ.
Adresa: 8-mi Septemvri 2/2-5 (TCC Grand Plaza), Shkup 1000, Maqedonia e Veriut
+389 2 3093-181 / -182contact(at)fes-skopje.org
This site uses third-party website tracking technologies to provide and continually improve our services, and to display advertisements according to users' interests. I agree and may revoke or change my consent at any time with effect for the future.
These technologies are required to activate the core functionality of the website.
This is an self hosted web analytics platform.
Data Purposes
This list represents the purposes of the data collection and processing.
Technologies Used
Data Collected
This list represents all (personal) data that is collected by or through the use of this service.
Legal Basis
In the following the required legal basis for the processing of data is listed.
Retention Period
The retention period is the time span the collected data is saved for the processing purposes. The data needs to be deleted as soon as it is no longer needed for the stated processing purposes.
The data will be deleted as soon as they are no longer needed for the processing purposes.
These technologies enable us to analyse the use of the website in order to measure and improve performance.
This is a video player service.
Processing Company
Google Ireland Limited
Google Building Gordon House, 4 Barrow St, Dublin, D04 E5W5, Ireland
Location of Processing
European Union
Data Recipients
Data Protection Officer of Processing Company
Below you can find the email address of the data protection officer of the processing company.
https://support.google.com/policies/contact/general_privacy_form
Transfer to Third Countries
This service may forward the collected data to a different country. Please note that this service might transfer the data to a country without the required data protection standards. If the data is transferred to the USA, there is a risk that your data can be processed by US authorities, for control and surveillance measures, possibly without legal remedies. Below you can find a list of countries to which the data is being transferred. For more information regarding safeguards please refer to the website provider’s privacy policy or contact the website provider directly.
Worldwide
Click here to read the privacy policy of the data processor
https://policies.google.com/privacy?hl=en
Click here to opt out from this processor across all domains
https://safety.google/privacy/privacy-controls/
Click here to read the cookie policy of the data processor
https://policies.google.com/technologies/cookies?hl=en
Storage Information
Below you can see the longest potential duration for storage on a device, as set when using the cookie method of storage and if there are any other methods used.
This service uses different means of storing information on a user’s device as listed below.
This cookie stores your preferences and other information, in particular preferred language, how many search results you wish to be shown on your page, and whether or not you wish to have Google’s SafeSearch filter turned on.
This cookie measures your bandwidth to determine whether you get the new player interface or the old.
This cookie increments the views counter on the YouTube video.
This is set on pages with embedded YouTube video.
This is a service for displaying video content.
Vimeo LLC
555 West 18th Street, New York, New York 10011, United States of America
United States of America
Privacy(at)vimeo.com
https://vimeo.com/privacy
https://vimeo.com/cookie_policy
This cookie is used in conjunction with a video player. If the visitor is interrupted while viewing video content, the cookie remembers where to start the video when the visitor reloads the video.
An indicator of if the visitor has ever logged in.
Registers a unique ID that is used by Vimeo.
Saves the user's preferences when playing embedded videos from Vimeo.
Set after a user's first upload.
This is an integrated map service.
Gordon House, 4 Barrow St, Dublin 4, Ireland
https://support.google.com/policies/troubleshooter/7575787?hl=en
United States of America,Singapore,Taiwan,Chile
http://www.google.com/intl/de/policies/privacy/