01.06.2024

Враќање во иднината

Фондацијата „Фридрих Еберт“ – канцеларија Скопје во соработка со Форумот за разумни политики и Центарот за едукација и уметност – Хана викендов во креативниот центар „Бруталиск“ во Скопје го организираат настанот „Враќање во иднината“ каде што познати и еминентни ментори заедно со 40 средношколци од различни градови низ државата работат на креативно изразување на ставовите на младите луѓе преку видеа, графити, музика и облека.

Учесниците се поделени во четири групи, а менторите Емилија Ристановска од Центарот за едукација и уметност – Хана и Гордан Георгиев од Форумот за разумни политики им помагаат на младите средношколци да ја разберат уметноста како одговор на општествените и политички случувања низ историјата.

Преку креативни станици средношколците ги едуцираме дека поддршката и добриот збор се вредностите во кои треба да веруваме, а булингот како честа појава помеѓу младината мораме да го избегнуваме. Со создавање на музика, мултимедија, графити и активизам преку облека ја подигаме свеста за булингот, човековите слободи и права, женските права, но и за зајакнување на индивидуалноста.

Тренери се и познатиот визуелен уметник, илустратор, графички дизајнер и ди-џеј Горан Костовски-Индог, музичарката и тапанарка Мартина Баракоска, графичарот, стрип цртач и еден од најплодните рапери на современата македонска музичка сцена Антонио Аранѓеловиќ (Тонио Сан), како и графичкиот дизајнер Теодор Петровски.

Friedrich-Ebert-Stiftung 
Skopje

Adresa: 8-mi Septemvri 2/2-5
(TCC Grand Plaza),
Shkup 1000,
Maqedonia e Veriut

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org