18.03.2019

„Заробена држава“ од авторот Манчо Митевски

Фондацијата Фридрих Еберт во Скопје со особено задоволство го најавува преводот на книгата Заробена држава од авторот Манчо Митевски.

Книгата е издадена во 2018 година на македонски јазик, а преку англискиот превод на книгата, Фондацијата Фридрих Еберт ја проширува нејзината достапност и ѝ овозможува на меѓународната публика да ја прочита оваа моќна анализа. Книгата беше презентирана на 12 март 2019 во ЕУ Инфо центар во Скопје, а електронската верзијата ќе биде промовирана и надвор од земјата.

Манчо Митевски хронолошки и детално го објаснува начинот на кој македонската држава и македонското општество станаа заложници на една корумпирана политичка елита во периодот помеѓу 2006 – 2016 година. Фокусирајќи се на овој период авторот ги опишува средствата и механизмите кои владата предводена од Никола Груевски ги инсталираше со цел да ја зароби државата и нејзините ресурси. Уверени сме дека оваа книга посочува конкретни примери и идентификува рани предупредувања кои беа занемарени и игнорирани во случајот на Македонија. Оваа анализа помага да разбереме како во тој период се случи едно заробување на државата од тие размери и воедно да разбереме со каков обем на работа се соочува сегашната влада со цел да го надмине минатото. Но најважно од сѐ, оваа книга е корисно четиво за останатите примери на Балканот и пошироко со цел да ги идентификуваат и навремено да ги превенираат сличните случувања.

Електронската верзија на публикацијата можете да ја најдете тука.

Friedrich-Ebert-Stiftung 
Skopje

Adresa: 8-mi Septemvri 2/2-5
(TCC Grand Plaza),
Shkup 1000,
Maqedonia e Veriut

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org