09.04.2023

Академија за јавни политики „Од идеја до реализација“ - Прв модул

Во периодот 7-9 април се одржа првиот модул од Академијата за јавни политики „Од идеја до реализација“ во организација на Фондацијата Фридрих Еберт и во соработка со „Асоциjациjата за инклузивен и одржлив развоj - SIGA“, чијашто цел е како одредена идеја по методологијата „Design Thinking“ да ја имплементираме во јавна политика.

Оваа Академија којашто за првпат се реализира претставува едукативен и интерактивен концепт за развоj, подигнување на свеста за одредени општествени состојби и градење на капацитети за дејствување кај учесниците.

На првиот модул учество земаа истакнати предавачи и обучувачи од земјава, проект координаторката во Фондацијата Фридрих Еберт Нита Старова, директорката на Sustainable Inclusive Growth Association - SIGA Мила Царовска, управниот директор на првиот акцелератор за социјално претприемништво и импакт бизниси во земјава Кристијан Милески, бизнис консултантот Трајче Воинов, како и маркетинг и бизнис стратегот Дарјан Раденковиќ.

Friedrich-Ebert-Stiftung
Skopje

Boul. 8-mi Septemvri 2/2-5
(TCC Grand Plaza),
Skopje 1000,
North Macedonia

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org