11.09.2018

Деветтата Политичка академија за социјална демократија

Оваа година се одржа деветтата Политичка академија за социјална демократија во организација на Фондацијата Фридрих Еберт, Прогрес Институтот за социјална демократија, Меѓународниот центар Олоф Палме и Фондацијата Калеви Сорса, чија цел е да ги промовира социјалдемократските вредности помеѓу политички ангажираните млади луѓе во Република Македонија.

На 6ти септември, 2018та година, на учесниците им беа доделени сертификатите за учество и беа промовирани нивните завршни трудови. Во рамки на завршниот настан свое обраќање имаа Ева Елерајт, директорка на ФЕС-Скопје, Нита Старова, координаторка на проектот, како и Александар Спасов од Прогрес Институт.

Свои кратки излагања имаа и претставници на групите што изработија трудови во рамки на академијата и тоа: Ана Манасиева за младински политики, Милена Петроски за План 3-6-9, Денис Исмаили за синдикално организирање, Мартина Матеска за одлив на мозоци и Рада Бојаџиеска за загадување на воздухот.

Завршните трудови во рамки на Политичката академија можете да ги најдете на следниот линк.

Friedrich-Ebert-Stiftung
Skopje

Boul. 8-mi Septemvri 2/2-5
(TCC Grand Plaza),
Skopje 1000,
North Macedonia

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org