17.05.2018

Еднаквоста е важна!

Повеќе даноци, но само за оние кои може да си ги дозволат! Драган Тевдовски даде свои коментари на новата регионална студија за Нееднаквоста, на трибина одржана во рамки на Самитот за Западен Балкан во Софија.

Во рамки на настанот организиран од страна на Фондацијата Фридрих Еберт кој се одржа на 16ти Мај во Софија, ги презентиравме клучните согледувања од нашата најнова студија за нееднаквоста во Западен Балкан “Еднаквоста е важна!”, како и нејзините ефекти врз демократијата во регионот, и соодветно на тоа, врз процесот на приклучување кон ЕУ.

Во очекување на Самитот за Западен Балкан кој ќе се одржи на 17 мај во Софија, идејата на настанот беше да даде поинаква перспектива во дебатата за проширување.

Европскиот дискурс за „транзиција“ најмногу ја анализира демократизацијата преку растот како показател. Но, дали после сé можеме да кажеме дека оваа стратегија за проширување некаде греши? Дали навистина „функционалната пазарна економија“ е таа која води кон демократија? Отворање на пазарот каде социјалните структури сé уште се слаби значи давање предност на оние кои веќе ја имаат моќта и се добро поврзани. Постоењето на нефер економска конкуренција само ја нагласува социјално - политичката нееднаквост, што води кон нестабилни, задолжени економии, недоверба и недоволна партиципација, но и помал степен на задоволство, здравје, незадоволително образование, јавна безбедност и социјална мобилност. Со други зборови, нееднаквите општества остануваат заглавени во летаргија, затоа што вистинскиот развој бара еднаквост.

Студијата беше презентирана од страна на Мирна Јусич, Авторка на студијата. Резултатите од студијата беа коментирани од страна на Драган Тевдовски, Министер за финансии на Република Македонија и Сергеј Станишев, Претседател на Партијата на европски социјалисти.

На следниот линк може да пристапите до клучните заклучоци и препораки: http://library.fes.de/pdf-files/bueros/sarajevo/14451.pdf

Целосниот извештај е достапен на http://library.fes.de/pdf-files/bueros/sarajevo/14452.pdf

Видео: https://youtu.be/1UJvtWHJMP0

Friedrich-Ebert-Stiftung
Skopje

Boul. 8-mi Septemvri 2/2-5
(TCC Grand Plaza),
Skopje 1000,
North Macedonia

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org