01.06.2024

Фестивал „Домување за сите“

Фестивалот „Домување за сите!“, организиран од страна на Организацијата за домување и станари (ОДС) и Фондацијата „Фридрих Еберт“ (ФЕС)  се одржува втора година по ред и има за цел да отвори прашања поврзани со домувањето и потребите на младите, родовата перспектива во домувањето, правата на потстанарите, безбедноста и сигурноста во домувањето, одржливото домување, граѓанското учество во донесувањето одлуки и многу други важни теми.

На фестивалот присуствуваа експерти на темата од Шведска, Германија, Белгија и Меѓународната унија на станари, кои во партнерство со ОДС развиваат соработка за унапредување на домувањето во Р.С.Македонија. Присутни беа претставници од Регулаторна комисија за домување, други релевантни институции, граѓански организации, претставници на младински и студентски организации, и други засегнати страни во процесот.

Главната порака од вториот Фестивал за домување е „Домувањето мора да биде достапно за секоја категорија на граѓани“.

Во пресрет на Фестивалот за домување се одржа тркалезна маса на која се дискутираше за предизвиците со кои се соочуваат младите лица во однос на домувањето. Експертите од Шведска, Германија и Белгија ги презентираа своите искуства и понудија предлог решенија за надминување на овој глобален проблем.

„Секој граѓанин мора да има право на избор каде ќе живее, или во сопствен или во изнајмен стан. Ова мора да биде поддржано од државата. Начинот на домување мора да биде различен, затоа што луѓето имаат различни потреби“ - посочи Барбара Стенберген, Меѓународна унија на станари.

Friedrich-Ebert-Stiftung
Skopje

Boul. 8-mi Septemvri 2/2-5
(TCC Grand Plaza),
Skopje 1000,
North Macedonia

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org