10.09.2018

Форум: Младински перспективи за локален развој

На 17ти Август, 2018 на Споменикот на Слободата во Кочани за прв пат беше организиран Форум за млади, настан со кој непосредно беше отворено и премиерното издание на Музичкиот фестивал на слободата.

Форумот беше организиран од страна на Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија Скопје во соработка со општина Кочани, со цел да развие динамична дискусија во рамки на која младите од Кочани и непосредната околина зборуваа како до ефективен локален развој преку краирање можности за младите и унапредување на нивната социо-економска положба. Притоа, тие имаа прилика да ги споделат и дискутираат своите идеи и ставови заеднички со градоначалникот на општина Кочани, Николчо Илијев како и со експерти во младинските политики на национално и регионално ниво.

Младите од Кочани истакнаа дека за креирање можности кои ќе им гарантираат сигурна иднина во местото на живеење, пред се мора да се гарантира пристапот на Македонија кон Европската Унија. Само така младинските иницијативи и сегашните напори на локалните институции за нивно реализирање ќе придонесат кон унапредување на живот на младите луѓе на локално ниво. Градоначалникот Николчо Илијев посочи дека примената на европските вредности ќе влијае силно врз унапредување на можностите кои ги иуживаат младите во локалната средина. Според него, младите се гласни кога е во прашање пристапувањето на Македонија во Европската Унија. Членството во Унијата ќе создаде можности на младите луѓе во Кочани не само во поглед на образованието и вработувањето, туку и во културниот и социјалниот живот, во развојот на демократските процеси на локално ниво. Патот е долг и тежок, но е извесен. 

Friedrich-Ebert-Stiftung
Skopje

Boul. 8-mi Septemvri 2/2-5
(TCC Grand Plaza),
Skopje 1000,
North Macedonia

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org