21.04.2023

Future is Feminist - Прв модул

Се одржа првиот модул од програмата „Future is Feminist“ во организација на Фондацијата Фридрих Еберт и во соработка со Асоцијацијата за инклузивен и одржлив развој - SIGA.

Преку програмата, девојките и жените ќе научат како да напредуваат, водат и служат на демократските процеси, но и како да целат на професионален план, без разлика дали станува збор за кариера во бизнисот или, пак во политиката.

Целта на „Future is Feminist“ е да се детектираат и обучат младите девојки како да ги зајакнат своите лидерски вештини за да го менуваат општеството на подобро.

На првиот модул „Интегритет и управување со човечки ресурси“ учество зедоа проект координаторката во Фондацијата Фридрих Еберт Нита Старова, директорката на Асоцијацијата за одржлив и инклузивен развој СИГА Мила Царовска, експертката за комуникација и медиа од Албанија Едлира Џони и извршната директорка на Центарот за управување со промени Неда Малеска Сачмароска.

Friedrich-Ebert-Stiftung
Skopje

Boul. 8-mi Septemvri 2/2-5
(TCC Grand Plaza),
Skopje 1000,
North Macedonia

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org