24.09.2023

Future is Feminist - Трет модул

Жените знаат да управуваат со времето и приоритетите, а на лидерски позиции носат подобри резултати во организациите и институциите!

Тие во иднина ќе бидат повеќе присутни на масата кадешто се носат одлуките за подобрување на заедницата, за градење на инклузивно и поправедно општество за сите и важно е да го искористат својот глас за да направат позитивни промени во државата. Ова се едни од пораките на третиот модул од Програмата #FutureIsFeminist што викендов се одржа во Охрид.

На модулот „Управување со време и приоритети“, учество зедоа консултантката за менаџирање со луѓе и експертка за кариерен развој Ивана Дојчиновска-Стојановиќ, пратеничката во македонското собрание Санела Шкријељ и директорката на СИГА Мила Царовска.

Програмата „Future is Feminist“ којашто е во организација на Фондацијата Фридрих Еберт, а во соработка со Асоцијацијата за одржлив и инклузивен развој СИГА претставува серија на обуки за млади и инспиративни девојки и жени кои се спремни да учат, водат и служат на демократските процеси, како и да целат кон развој на нивната кариера во бизнисот или политиката.

Низ интерактивни предавања, учесничките се стекнаа со знаење како да управуваат со времето и приоритетите, како да ја дефинираат личната мисија, да делегираат задачи и донесат одлука, но и како да постигнат тимски резултати преку моќта на планирањето.

Friedrich-Ebert-Stiftung
Skopje

Boul. 8-mi Septemvri 2/2-5
(TCC Grand Plaza),
Skopje 1000,
North Macedonia

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org