08.06.2018

Младите во синдикатите

Во периодот од 28-31.05.2018, Фондацијата Фридрих Еберт-канцеларија Скопје заеднички со Секцијата на млади при Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) организираше работилница на која се разгледуваа и дискутираа важни теми за улогата на младите во синдикалното организирање, а во насока на континуирано влијание врз афирмирање и унапредување на нивната социо-економската положба во државата.

Како клучен сегмент за идното работење на Секцијата, во рамки на работилницата беа утврдени целите, мисијата и визијата за нејзино постоење и активно делување. Преку инклузивен процес и таргетирање на сите релевантни чинители, организации и институции во процесот на зајакнување на положбата на младите на пазарот на труд, како и застапување на нивните права од работен однос, членовите на секциите за млади изработија и стратегија, план и програма за работа. 

Со цел ефективно и ефикасно реализирање на активностите предвидени во програмата за работа, членовите на Извршниот Одбор на Секцијата на млади на ССМ ги ревидираа постојните документи, односно Деловникот за работа на Секцијата, а истиот заедно со програмата го усвоија на седница на ИО одржана по завршување на работилницата.

Освен членовите на Извршниот одбор при Секцијата, свој придонес во работилницата дадоа и проф.д-р. Драган Гоцевски, Правен Факултет “Јустинијан Први” Скопје и Владо Караев, тим билдинг експерт. Потенцирајќи ја потребата од реформи во синдикалното движење и проактивно вклучување на младите во целокупниот процес, својата поддршка за работата на Секцијата на млади ја истакна и Дарко Димовски, претседател на ССМ.

Friedrich-Ebert-Stiftung
Skopje

Boul. 8-mi Septemvri 2/2-5
(TCC Grand Plaza),
Skopje 1000,
North Macedonia

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org