02.12.2023

Панел дискусија “Геополитичко проширување на ЕУ: Нови можности, стари ризици”

На 18 декември се одржа настан во рамки на проектот „Ревидиран процес на проширување на Европската Унија: нов геополитички контекст, нови можности, исти ризици“ во Даут Пашин Амам во организација на Фондацијата Фридрих Еберт - канцеларија Скопје и ПолитикУм - Институт за одржливи и иновативни политики.

Настанот започна со воведни излагања на претседателката на ПолитикУм и потпретседателка на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) Радмила Шекеринска и директорот на Фондацијата Фридрих Еберт во Северна Македонија Петер Хурелбринк.

На панелот насловен „Геополитичко проширување на ЕУ: Нови можности, стари ризици?“ се обратија претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, заменик на претседателот на владата за европски прашања Бојан Маричиќ, претседателот на Делегацијата во Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Република Северна Македонија Андреас Шидер, претседателот на „ЕЛИАМЕП“, професор на Универзитетот во Атина Лукас Цукалис, а панелот го модерираше професорката од Правниот факултет „Јустинијан Први“ Рената Дескоска.

Целта на настанот беше да се фокусираат одредени прашања, поврзани со последните случувања и ставовите на лидерите и експертите во насока на проширувањето на ЕУ, како и заклучоците од работата на експертската група која во текот на 2023 година ги сумираше ставовите на прогресивните политички гласови, експерти, креатори на мислења и новинари.

Friedrich-Ebert-Stiftung
Skopje

Boul. 8-mi Septemvri 2/2-5
(TCC Grand Plaza),
Skopje 1000,
North Macedonia

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org