28.06.2018

Петти Младински Летен Камп за “Социјалдемократски переспективи – Младите во Југоисточна Европа”

Повеќе од педесетина млади луѓе од регионот земаа учество годинава на Младинскиот летен камп на тема “Социјалдемократски перспективи – Младите во Југоисточна Европа” кој се одржа во Драч, Р.Албанија во периодот од 20-24.06.2018 во организација на Фондацијата Фридрих Еберт.

За време на кампот, младите прогресивни и општествено ангажирани луѓе од  регионот имаа можност да ги разменат своите искуства, идеи и перспективи, како и да  остварат дијалог на повеќе теми од областа на заедничките социјалдемократски вредности. Меѓу другото, тие дискутираа за значењето на меѓукултурната комуникација, предизвиците за процесите на демократизација во регионот, влијанието и улогата на младите прогресивни луѓе во општеството, како и процесите на ЕУ интеграција и Европеизација.

На овие и други теми за потенцијалите и предизвиците на земјите од регионот, учесниците дискутираа со Франк Моравиец (Француско-германската младинска канцеларија), Франк Хантке (ФЕС-канцеларија Приштина), Шпати Колгега (Заменик министер за образование, млади и спорт на Р.Албанија), Дориан Јоно (Жан Моне, Универзитет “Марин Барлети”, Тирана) и други експерти, политичари и претставници на академската заедница од Албанија и пошироко.  

Во рамки на кампот, девет млади луѓе од Македонија зедоа учество меѓу кои претставници на Намционалниот Младински Совет на Македонија (НМСМ), Младинскиот Образовен Форум (МОФ), Младинска Сојуз Крушево (МСК), како и членови на Социјалдемократската Младина на Македонија (СДММ) и Форумот на Млади при Демократската Унија за Интеграции (ДУИ). 

Friedrich-Ebert-Stiftung
Skopje

Boul. 8-mi Septemvri 2/2-5
(TCC Grand Plaza),
Skopje 1000,
North Macedonia

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org