11.12.2025

Промоција на публикацијата „Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур“.

На 10 Декември, Меѓународниот ден на човекови права, беше промовирана публикацијата „Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур“.

На 10 Декември, Меѓународниот ден на човекови права, беше промовирана публикацијата „Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур“.
Публикацијата којашто е авторско дело на проф. д-р Јелена Ристиќ, а објавено од Фондацијата Фридрих Еберт, преставува актуелна и темелна анализа на системот за заштита на човековите права во рамките на Европската конвенција, со посебен фокус на критериумите за допуштеност на жалбите во Стразбур и на македонските предмети пред Судот.
„Фондацијата со години ја гради својата издавачка програма како поддршка на универзитетската настава и како средство за обезбедување квалитетни, достапни и стручно засновани материјали. Оваа публикација е наменета не само за адвокатите, туку и за судиите, обвинителите, професорите и, најважно, за студентите, идните заштитници на слободите и правата на граѓаните,“ рече Нита Старова, проектна координаторка во ФЕС, нагласувајќи дека делото е вредно и за невладините организации, политичките субјекти и пошироката јавност која сака да стекне знаење за механизмите на заштита пред Судот во Стразбур.
„Системот за заштита на човековите права се темели на принципот на супсидијарност, државите се тие што најпрво мора да ги гарантираат и штитат правата, а Судот во Стразбур интервенира само кога државите ќе пропуштат да ги исполнат своите обврски. Иако секој граѓанин има право да поднесе жалба до Судот во Стразбур, голем дел од жалбите, вклучително и од Северна Македонија не стигнуваат до оценка на основаноста бидејќи не ги исполнуваат критериумите за допуштеност. Само околу пет проценти од жалбите против нашата држава се прогласуваат за допуштени. Тоа носи сериозни последици: жалителите чекаат со години, Судот е преоптоварен, а во државата изостанува вредниот корективен ефект што судските пресуди го имаат врз унапредувањето на човековите права,“ истакна проф. д-р Јелена Ристиќ, авторка на публикацијата.

Публикацијата може да се преземе на следниот линк.

Friedrich-Ebert-Stiftung
Skopje

Boul. 8-mi Septemvri 2/2-5
(TCC Grand Plaza),
Skopje 1000,
North Macedonia

+389 2 3093-181 / -182
skopje(at)fes.de