01.04.2022

Симулација на „Енергетски самит“

Во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“ Скопје и Универзитет „Гоце Делчев“ Штип на 29 март сe одржа симулација на „Енергетски самит“.

На овој самит студенти од различни факултети при УГД ја превземаа улогата на носители на одлуки и тоа од претседател на влада, па се до мали производители на електрична енергија од обновливи извори и претставници на различни граѓански здруженија, а свој придонес преку директно учество ќе даде и Службеникот за млади од Министерството за транспорт и врски, Братољуб Шурлановиќ. Идејата на овој самит е да ги доближи студентите со процесот на декарбонизација на нашата економија, како и значењето на инклузивната и транспарентна дискусија за потребите и можностите за праведна енергетска транзиција.

Friedrich-Ebert-Stiftung
Skopje

Boul. 8-mi Septemvri 2/2-5
(TCC Grand Plaza),
Skopje 1000,
North Macedonia

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org