26.05.2023

Тркалезна маса „Домувањето и младите во Северна Македонија“

На 26 мај во Владата на Република Северна Македонија се одржа Тркалезна маса „Домувањето и младите во Северна Македонија“ во организација на Организацијата за домување и станари (ОДС) и Фондацијата „Фридрих Еберт” (ФЕС).

На оваа трибина учество зедоа вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, директорот на Фондацијата Фридрих Еберт со канцеларија во Скопје, Рене Шлее и претседателката на Организацијата за домување и станари, Маја Сталеска.

Со цел да се промовираат добри практики и интернационални искуства, како гости на тркалезната маса беа и претставниците на Здружението на станари од Исланд, Здружението на станари од Шведска и Меѓународното здружение на станари.

На тркалезната маса се отвори дискусија за домувањето и потребите на младите, како што е регулирање на цената на пазарот на издавање на недвижнини, договорите за закуп, внесување модели на јавно домување и модели на домување за ранливи лица, како и иницирање на нова стратегија за домување која е инклузивна и правична и одговара на реалните потреби на граѓаните.

Оваа тркалезна маса се одржа во рамки на Фестивалот за домување „Безбедно, достоинствено и пристапно домување за сите“ кој за прв пат се одржа годинава во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, Организацијата за домување и станари и Социјалдемократската младина на Македонија.

Friedrich-Ebert-Stiftung
Skopje

Boul. 8-mi Septemvri 2/2-5
(TCC Grand Plaza),
Skopje 1000,
North Macedonia

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org